Саемот на козметика Допирот на Париз

Download Kozmo app scan QR code

35.МЕЃУНАРОДЕН САЕМ И КОНГРЕС ЗА КОЗМЕТИКА
НЕГА НА КОСА, ЕСТЕТИКА И ЗДРАВЈЕ
ДОПИРОТ НА ПАРИЗ
4. И 5. АПРИЛ 2020.
БЕЛГРАДСКИ САЕМ, ХАЛА 2

Саемот и конгресот за козметика, нега на коса, естетика и здравје „Допирот на Париз“, што го посетуваат околу 20.000 посетители, е најголема манифестација од овој вид, не само на Балканот, туку и на територијата на Централна, Источна и на Југоисточна Европа. На изложбен простор од 14.500 м2 можете да најдете врвни професионални брендови за козметички салони, фризерски салони, центри за убавина и спа-центри, велнес-центри, ординации поевтино и до 70%. На Саемот може да присуствувате на врвни предавања со специјалниот гостин (Џени МОДЕНА, CIDESCO Италија). Во рамките на саемот ќе бидат одржани masterclass и курс за континуирана едукација. На саемот ве очекуваат и настапи на многубројни beauty терапевти, фризери, многубројни презентации и едукации.

Саемот „Допирот на Париз“ се одржува двапати годишно, и за двата дена на одржување го посетуваат околу 20.000 професионални посетители (од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија, Бугарија, Унгарија, Романија и Албанија).

 

 

 

На претходниот саем одржан на 12. и 13. октомври 2019, беа прикажани повеќе од 300 брендови од десетина земји.

Што ће можете да најдете на 35. саем на козметика “Допирот на Париз“?

  • Професионална козметика
  • Козметика за нега на коса
  • Гелови и акрил за надградба на нокти и nail art
  • Солариуми
  • Апарати од најновата генерација
  • Совети од стручњаци
  • Стручни школи (фризерска, козметичка)
  • Промо-шминкање, средување на косата и на ноктите
  • Обуки и работилници за професионалци

Токму на саемот голем број фирми ги претставуваат новитетите, промовираат производи и демонстрираат методи на работа.

Посетителите и излагачите на саемот се професионалци од светот на убавината и на здравјето:

  • дистрибутери, увозници, извозници
  • деловни луѓе
  • сопственици на салони на убавина, фризерски салони, парфимерии, дрогерии,
  • сопственици на ординации и на клиники за естетика
  • стоматолози
  • сопственици и менаџери на хотели, фитнес, спа-центри и велнес-клубови и центри
  • здруженија
  • козметичари
  • лекари
  • дерматолози
  • естетски хирурзи
  • фармацевти
  • фризери
  • ученици и студенти на училишта за нега на убавината

Посетители на саемот се и крајните корисници на козметичките и на фризерските производи и услуги.

 

 

 


КОНГРЕС НА КОЗМЕТИКА

8. CIDESCO КОНГРЕС НА КОЗМЕТИКА – БАЛКАНСКИ КОНГРЕС НА КОЗМЕТИКА – БЕСПЛАТНО
САБОТА, 4. АПРИЛ ОД 11:00 ДО 19:00, КОНГРЕСНА САЛА СВЕТИСЛАВ РАДМИЛОВИЋ

Тема: МИКРОБИОМИ- НОВ ПАТ ДО УБАВИНАТА
НОВА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ANTI AGE ТЕХНИКА
За прв пат на овие простори
Подтема на конгресот: Нови трендови за Make-up
Обука: Џени МОДЕНА, CIDESCO Италија

 

 


КУРС НА КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА – КОТИЗАЦИЈА 10 ЕВРА
НЕДЕЛА, 5. АПРИЛ, КОНГРЕСНА САЛА СВЕТИСЛАВ РАДМИЛОВИЋ

Тема: Здравствен туризам во поглед на глобалните трендови
Предавачи: прим. Др. Горана Исаиловиќ, СКЕ Гордана Пешаљ, Емилија Киш, Тена Лазаревиќ, Ивана Лозјанин, Ана Хаџиќ

КO Kурс : Здравствениот туризам во поглед на глобалните велнес трендови, наменет за СПА и велнес терапевти, нутриционисти, физиотерапевти, СПА менаџери, вработените во еко туризмот, селски туризам, здравствен туризам, балнеолози, аниматори во туризмот. Курсот е посветен на Глобалните велнес трендови а особено „Ј“ велнес трендот кој подразбира капење во шумски воздух, чајни церемонии, релаксирачки Зен градини и капење во лековита вода. Ќе бидат прикажани и студии на случај кои ќе ги симулираат програмите на „Ј“ велнесот во Србија.

Глобалната велнес индустрија во светот остварува промет од 4,3 трилијарди долари на годишно ниво. Здравствениот туризам и медицинските СПА услуги се области во кои се бележи најголем глобален раст. Тоа е доволен мотив за експертите од овие области ги следат трендовите и да се здобијат со нови знаења кои ќе можат да ги применат во развојот на сопствениот бизнис и во своето лично усовршување.

Курсот за Здравствениот туризам во поглед на глобалните велнес трендови е наменет за професионалците од следните области: велнес програми, медицинска СПА индустрија и здравствениот туризам.

Котизација за учество на курсот КЕ изнесува 10 евра.
На учениците и на студентите во училиштата за нега на убавината им се одобрува попуст од 50%.
Пријавете се навреме, бројот на учесниците во курсот КЕ е ограничен.
Ecodesign studio group d.o.o. Dunavski kej 23/11, Beograd
Дополнителни известувања: + 381 11 3284 149, [email protected]


ПРЕДАВАЊА ВО ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР OРИЕНТ

Како дел од 35.саем за козметика, нега на коса, естетика и здравје ќе бидат одржани низа предавања во врска со најактуелните теми од областа на негата и убавината. Предавањата се наменети за оние кои сакаат да ги пратат трендовите, да воведат новитети во своите салони, услуги кои се барани, да го збогатат своето знаење и на своите клиенти да им понудат квалитетни услуги. Сите заинтересирани ќе можат да присуствуваат на предавањата од страна на едукативниот центар Ориент. Теми на предавањата: Хавајска масажа, Мадеро-терапија, Пудра веѓи и Руски волумен. Едукативниот центар Ориент започна со работа во 2018. година под водство на Кристина Млаџеновиќ и набрзо го стекна својот углед и кредибилитет базиран на добрата програма, квалитетните предавања и посветеноста на предавачите. Широкиот избор на обуки ги привлекуваат бројните учесници.

 

 

Пудра веѓи by Емилија Дугиќ
Конгресна сала 2, сабота 10:30-15:00
Котизација: 60 €

Предавањата за Пудра веѓи (микропигментација, засенчување), во денешно време е најпопуларната техника за постојана трајна шминка која е дизајнирана да ви овозможи детално запознавање со сите детали за работа и изведување на оваа техника, без претходно знаење за постојана шминка, естетика и областа на козметологијата. Интерактивното учење со едукаторката, која долго време се занимава со овој бизнис и која поминала многу обуки и семинари, ќе ви даде целосен увид во сите елементи на знаење, вештини, практична работа, опрема, материјали, како и совети за маркетинг стратегијата и бизнис планот кои ви се потребни за самостојна успешна работа.

 

 

Хавајска масажа by Кристина Млаџеновиќ
Конгресна сала 2, сабота 15:30-18:30
Котизација: 50 €

Доколку сакате на своите клиенти да им понудите модерни, егзотични, холистички масажи, посетете го 35. саем за козметика каде ќе бидете во прилика да присуствувате на предавањето за: Хавајска Масажа. Оваа древна масажа потекнува уште од времето на Полинезија кога ја практикувале древните народи. Движењата на оваа масажа потсетуваат на галење на бранови кои се рефлектираат во физичко и психичко опуштање на клиентот. Израдувајте ги вашите клиенти доведувајќи новитети во вашиот салон. Ќе забележите како клиенти се враќаат повторно за оваа егзотична масажа. За присуство на ова предавање се препорачува основно познавање на техниките за масажа.

 

 

Мадеротерапија by Кристина Млаџеновиќ
Конгресна сала 2, недела 11:00 – 15:00
Котизација: 60 €

Ако не сте сигурни од каде да започнете, започнете со обука за метератерапија. Зошто? Бидејќи оваа масажа во моментов е една од најбараните масажи. Станете овластен мадеротерапевт на 35.саем за козметика во Белград. Мадеро масажата се изведува со специјални дрвени сукала кои прават чуда на женското тело! Првично, потекнувајќи од Колумбија оваа масажа има за цел да го преобликува женското тело. Позитивните ефекти на оваа масажа се: отстранување на целулитот, затегнување на телото, лимфна дренажа, елиминација на вишокот течности и токсини од организмот како и третман на детоксикација кој има корисни ефекти врз целото тело. Резултатите се видливи веднаш, а чувството на затегнување на кожата се појавува после третиот третман. Во текот на само еден третман се ослободува значајна количина на вода од телото, а со неа и токсините. Нецелосната или несоодветна мадеротерапија може да доведе до ЈOЈO ефект, така што добрата информираност и соодветното образование е многу значајно. Предавањето е дизајнирано да ве запознае со сите детали за работата и изведувањето на оваа техника, без претходно знаење од областа на масажата.

 

 

Руски волумен by Љиљана Васковиќ
Конгресна сала Светислав Радмиловиќ, недела 12:40 – 17:40
Котизација: 60 €

На предавањата можат да присуствуваат почетници, но и оние кои сакаат да ја прошират својата понуда со едни од најбараните третмани – волуменска надоградба, како и оние кои веќе имаат завршено обука за волумен но не се задоволни со својата работа. Техниката за волумен е значајно покомплексна од класичната надоградба и многу фактори влијаат на самиот резултат, а понекогаш треба да чуете и понекоја тајна како вашата работа би била беспрекорна.

 

 

 

Пријавете се на време, бројот на учесниците е ограничен.
Уплатата се врши на жиро сметка бр. 325-9500600020095-02,
Ecodesign studio group д.о.о. Дунавски кеј 23/11, Белград
За повеќе информации + 381 11 3284 149, [email protected]

За сите посетители на саемот за козметика, центарот за едукација Ориент подготви попуст од 20% на сите обуки. Учесниците на предавањата на центарот за образование Ориент ќе имаат право на дополнителни попусти. Повеќе за предавањата на едукативниот центар Ориент можете да дознаете со кликнување на следниот линк sajamkozmetike.com/predavanja-orient-edukativnog-centra


БЕЛГРАДСКИ ПОБЕДНИК

Во склоп на 35. саем за козметиката, нега на коса, естетиката и здравјето, Допирот на Париз ќе биде одржана манифестација „Белградски Победник“. Во сабота 4.април на програмата ќе бидат претставени фризерските презентации, додека во недела 5. април ќе се одржи „Отворен куп на фризерите од Србија“. Натпреварувањето е поделено на машки и женски дисциплини. Машки школски јуниорски тест и 4 машки сениорски дисциплини, како и школска женска дисциплина минивал, школски и јуниорски тест и 4 женски сениор дисциплини, како прилика сите заинтересирани да го проверат своето знаење. По завршеното натпреварување следува прогласување на резултатите од натпреварувачките дисциплини, а правото на избор на натпреварувачи за репрезентацијата на Србија за меѓународното натпреварување засновано на збирниот пласман ќе имаат само оние натпреварувачи кои во женските дисциплини ќе работат на две работи во истата дисциплина, додека кај машките дисциплини оние кои ќе работат на три работи во комбинирани дисциплини.

Повеќе за Белградскиот победник можете да дознаете со кликнување на следниот линк sajamkozmetike.com/veliko-takmicenje-frizera-beogradski-pobednik

 

 

 


НОВО НА САЕМОТ ЗА КОЗМЕТИКА – В2В СЕГМЕНТ

ДИРЕКТЕН КОНТАКТ СО НАЈГОЛЕМИТЕ ДИСТРИБУТЕРИ НА ПРОФЕСИОНАЛНИ КОЗМЕТИЧКИ И ФРИЗЕРСКИ ПРОИЗВОДИ, АПАРАТИ И ОПРЕМА

Преку веб-сајтот sajamkozmetike.com/zakazite-razgovor-sa-izlagacem-b2b закажете однапред состанок со најголемите дистрибутери, продавачи или произведувачи на професионални, козметички и/или фризерски производи, апарати и опрема. Остварете соработка преку директен контакт со претставниците на компаниите. Одберете сигурен партнер за вашиот бизнис. Пополнете ја формата B2B на веб-сајтот sajamkozmetike.com/zakazite-razgovor-sa-izlagacem-b2b, изберете ја компанијата и темата на состанокот. По потврдата на резервацијата ви преостанува само да се појавите на закажаниот состанок и да ги договорите најдобрите услови за вас.

Повеќе за B2B СЕГМЕНТОТ можете да дознаете со кликнување на следниот линк sajamkozmetike.com/zakazite-razgovor-sa-izlagacem-b2b


НОВО НА САЕМОТ ЗА КОЗМЕТИКА – OPEN SPACE ЕДУКАЦИЈА

Сакате да научите за најновите, актуелни теми, но никако не успевате да го следите распоредот на нашиот Конгрес за козметика? Од сега можете да ги следите ОТВОРЕНИТЕ едукации на штандовите за учесниците во специјално прилагодените простории во склоп на штандовите.

Fashion room:
Биоцелулозни маски Кореа
– Derma pen мезотераписки коктели in lab
– Mezzo bb glow третман
– Радиоталасен лифтинг на лице
Palco Professional Italy Велнес за коса
– Боја без амонијак
– СПА третмани за коса
– Руска надградба на коса

Ericson Лабораторија:
– Perfection линија за избелување
Џулиет Арманд (Juliete Armand)
– Derma Pen и употреба на ретиноиди
– Хемиски пилинзи
My Star
– Презентација на најновите восоци
Ionto Comed
– Презентација на најновите апарати за третман на лице

 

 

 


НОВО НА САЕМОТ ЗА КОЗМЕТИКА – ЗОНА НА ПОПУСТ

Продажба по веќе намалени, саемски цени не е новитет на Саемот за козметика. Она што е новитет на претстојниот Саем е тоа што посетителите ќе бидат во прилика однапред да се информираат за тоа кои брендови, кои производи и колку попусти ќе можат да најдат на Саемот за козметика 4. и 5. април во Халата 2 на Белградскиот саем. Испланирајте го вашето присуство на Саемот за козметика детално и искористете го вашиот буџет до максимум. Купувајте професионални производи за нега и убавина од проверените брендови по намалени цени.

Повеќе за зоната на попусти, можете да дознаете со кликнување на следниот линк sajamkozmetike.com/discount-zona


НАСТАПИ НА ПОЗНАТИ ФРИЗЕРИ И МЕЈК-АП АРТИСТИ

На саемот на козметика можете да присуствувате на настап на бројни фризери кои ќе ви ги претстават најновите техники за шишање, боење и стилизирање на косата како и настапувањата на најдобрите шминкери кои претставуваат разновидни актуелни техники на шминкање од Њујорк, Лондон, Париз и Милано.


Ако сте трговец, увозник или производител на сè она што е потребно во салоните, ординациите, аптеките и хотелите и сакате да бидете изложувач на саемот „Допирот на Париз“ или ако сакате да го посетите саемот, пратете е-порака на: sajam@saloninfo.org


МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА KOZMO

Download Kozmo app scan QR code Преземете бесплатна мобилна апликација Kozmo и читајте го списанието Kozmo online, секојдневно следење ги новостите за beauty, hair, health и fashion. Со помош на апликацијата Kozmo ќе бидете во можност да ги следите актуелните случувања на многубројните штандови, презентациите на производи, да дознаете каде се најголемите попусти на Саемот за козметика и уште многу нешта.
Ако сакате да бидете наши соработници или клиенти пратете ни е-порака на: marketing@saloninfo.org


ТУРИСТИЧКА ПОНУДА BEOGRADA

Спој на историјата и на модерната ера со разновидна понуда на храна и пијалаци, од стари прочуени кафеани до најмодерни клубови и ресторани, со насмеани и гостопримливи луѓе што секогаш имаат да ви препорачаат каде да излезете и што да видите, познат по својот ноќен живот, Белград е вистинското место што мора да го посетите. Покрај улицата „Кнез Михајлова“ и централната градска зона, Калемегданскиот парк во кој доминира Белградската тврдина, боемската Скадарлија, Савамала, Авала и Земун, причини за посета на Белград се и Ада Циганлија, белградското море, прочуените кафеани и ресторани, ракијата сливовица, урбаниот Миксер Хаус, дворците на Дедиње и Храмот на свети Сава.